Кристијансен: Го извадив Алиоски затоа што немаше баш најдобар ден!

Езџан Алиоски, македонскиот репрезентативец кој ги брани боите на Лидс Јунајтед, одигра само 45 минути против Нотингем Форест, дуел кој во рамки на Чемпионшип лигата заврши без голови (0-0).

Навивачите на славниот англиски тим се прашуваа зошто тренерот Томас Кристијансен му дал шанса на Алиоски да одигра само 45 минути, а по натпреварот тој даде образложение зошто решил да го повлече Македонецот на паузата и во игра да го внесе Пјер-Мичел Ласога.

„Алиоски немаше баш најдобар ден, а нам ни требаше поголема полетност во нападот во играта еден на еден. Посебно на страната на која настапуваше Траоре. Затоа решив да го заменам Алиоски на полувремето“, изјави Кристијансен по натпреварот.

Лидс во Чемпионшип лигата се наоѓа на шестото место на табелата, а во наредното коло гостува кај Ипсвич.