„Кристијано си замина бидејќи е опседнат да ја добие битката со Меси“

Роналдо опседнат со Меси

Селекторот на Велс и поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо, Рајан Гигс, за тамошните медиуми изјави дека Португалецот одлучил да се пресели во Италија со цел да докаже дека е подобар од Лионел Меси.

„Кристијано е опседнат да ја добие директната битка со Меси. Зад себе го има аргументот дека победил во Англија, Шпанија и со репрезентацијата на Португалија, па сега ќе рече дека истото го направил и во Италија. Можеби тоа ќе биде клучот во дебатата за тоа кој е подобар и кој имал подобра кариера меѓу нив двајца. Да се има Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус во својата боиграфија не е мала работа, но за него италијанскиот фудбал ќе биде огромен предизвик“, вели 44-годишниот поранешнен член на „црвените ѓаволи“.

Роналдо и Гигс беа заедно за време на неговите шест години на „Олд Трафорд“ во кои остварија многу успеси предводени од Сер Алекс Фергусон.

„Кралевите“ се разделија од својот најдобар голгетер во историјата за 117 милиони евра, пари кои ќе ги искористат за да ја пронајдат неговата замена ова лето.