Кристијано Роналдо со историски бројки по голеадата против АПОЕЛ

Кристијано Роналдо рекорд

Двата гола на Кристијано Роналдо против АПОЕЛ донесоа голеада на Реал Мадрид на Кипар во 5. коло во Лигата на шампионите.

По подолго време, најдобриот фудбалер за изминатата сезона се запиша во листата на стрелци, а стигна до нов јубилеј во дресот на „кралевите“. Тој досега запиша 100 гола во европските настапи откако дојде во Мадрид во 2009 година.

Со овој триумф, Роналдо го израмни бројот на победи во Лигата на шампионите на Чави Хернандез (91) на второто место на вечната листа.

Лидер во оваа категорија е Икер Касиљас со 95 победи.