Кристијано Роналдо потпишува нов побогат договор со Ал-Наср

Кристијано Роналдо по сè изгледа ќе остане во редовите на Ал-Наср. Според шпанските и португалските медиуми ѕвездата ќе ја продолжи соработката која истекува ова лето. 

Се очекува потпис да падне на нов едногодишен договор до јуни 2026 година. Најавите велат дека за продолжувањето на соработката со Ал-Наср, Роналдо ќе добие повеќе од 200 милиони евра за сезоната 2025/26. 

Тоа ќе го направи Португалецот најплатен на светот, епитет кој го држи и сега, но со подобрување на платата на 211 милиони евра годишно. 

Според новиот договор Роналдо ќе заработува преку 650.000 евра дневно, односно повеќе од 4,5 милиони на неделно ниво, дневно по 25.000 евра...

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.