Кристијано Роналдо не трпи „порази“ - нема да присуствува на доделувањето на „Златната топка"

Кристијано Роналдо нема да се појави на свечената гала за доделувањето на „Златната топка" во Париз вечерва од 20:00 часот. Според најавите Португалецот очигледно разбрал дека нема да биде избран ниту меѓу тројцата најдобри и решил да не присуствува. 

Главен фаворит за освојување е Лионел Меси, кој имаше индивидуално фантасична сезона, но тука се и Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах, кои со Ливерпул ја освоија титулата во Лигата на шампионите.  

Италијанскиот медиум „Спорт Медиасет" објави дека Роналдо ќе присуствува на церемонија во Милано, каде што ќе ја прими наградата за најдобар играч минатата сезона во Серија А

34-годишниот играч минатата сезона дебитираше за Јувентус, освојувајќи го првенството. Роналдо постигна 21 гол минатата сезона, со што ја освои оспоруваната награда за најдобар играч на лигата.