ВИДЕО: Кристијано Роналдо како Роналдињо – додаде до соиграч без да гледа

Кристијано Роналдо со хет-трик ја водеше Португалија до триумф над Швајцарија во полуфиналето од Лигата на нациите (3-1), а на овој меч покрај головите, ѕвездата изведе и атрактивни потези.

Еден од нив беше фантастичното додавање, во стилот на бразилскиот виртуоз Роналдињо. Португалскиот репрезентативец пронајде соиграч без да гледа каде додава, а додавањето беше ептен прецизно.

  • Потегот на Роналдо против Швајцарија:

Роналдињо одушевуваше со слични потези во дресот на Барселона и на Бразил, додека беше активен како фудбалер. Португалија е во финалето на Лигата на нациите, а ќе се соочи со подобриот од второто полуфинале меѓу Холандија и Англија.