„Кристијано Роналдо е подобар од Меси... но, јас сум најдобриот“

Меси Роналдо Пеле

Најдобриот фудбалер на сите времиња, според поголемиот дел од фудбалската публика, е Бразилецот Пеле. Трикратниот светски првак ја добива предноста пред Диего Армандо Марадона, а нивните споредби и ривалство сега го има во дуелот меѓу најдобрите играчи на денешницата - Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Тие двајца меѓу себе имаат поделено 11 „Златни топки“, а мислење за дебатата кој е подобар има и бразилскиот фудбалски Бог.

„Денес најдобар фудбалер е Кристијано Роналдо. Тој е пред сите, бидејќи постојано е во форма. Но, не заборавајте на Меси, иако не е класичен напаѓач.

Кога е во прашање најдобриот на сите времиња, има голем број кандидати. Не заборавајте на Зико, Роналдињо, Роналдо, Кројф и Бекенбауер. Но, Пеле е подобар од сите нив“, вели 79-годишникот.

Дебатата ќе се прави денес, утре, но и во иднина, па се очекува и тогаш да има поделени мислења. Тоа доволно кажува за квалитетите со кои располагаат Меси и Роналдо и колкаво е нивното значење во светот на фудбалот.