Кристијано Роналдо добива соиграч од Челзи?

Трката на саудиските клубови за врвни засилувања продолжува, а откако Ал Итихад ги ангажираше Карим Бензема и Н’Голо Канте, се очекува реакцијата на останатите богаташи.

Ал Наср кој ја започна лавината со купувањето на Кристијано Роналдо е на добар пат да го доведе Хаким Зијеч од Челзи, пренесуваат бројни странски медиуми медиуми.

Клубот од Ријад напредува во преговорите за потписот на мароканскиот репрезентативец, а самиот играч е отворен за дискусија. Ал Наср испрати понуда и до клубот и до играчот, а покрај него и Пјер-Емерик Обамејанг исто така може да замине од „Стемфорд Бриџ„ во Саудиска Арабија.

Триесетгодишниот Зијеч дојде во Челзи од Ајакс во 2020 година за 40 милиони евра, а во кариерата настапуваше и за два холандски клуба - Херенвен и Твенте.