Кристијано Роналдо дели закани, го напушта Ал-Наср по СП 2026!?

Кристијано Роналдо сериозно размислува за заминување од Ал-Наср по завршувањето на Светското првенство, пренесуваат странските медиуми. Иако португалската ѕвезда e со екипата, не се очекува да настапи на дербито против Ал-Итихад овој петок, што дополнително ги засили шпекулациите околу неговата иднина во саудискиот клуб.

Според достапните информации, Роналдо поставил јасни услови за враќање на теренот. Доколку тие не бидат исполнети, тој е подготвен да не игра натпревари до средината на годината, да продолжи само со тренажниот процес и потоа да го напушти Ал-Наср и покрај фактот што има уште една година од договорот.

Клучното барање на португалската ѕвезда се однесува на поголема автономија на клупското раководство во трансфер-политиката. Имено, функционерите Симaо Кутињо и Жозе Семедо, кои во клубот се поставени со поддршка на самиот Роналдо, наводно имале блокирани неколку трансфер-операции од страна на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, што предизвикало незадоволство кај напаѓачот.

Доколку не добие гаранции за поголема стабилност и јасна визија за иднината на клубот, Роналдо е решен да си замине. Дополнително, во наредниот преоден рок неговата откупна клаузула ќе се намали на 50 милиони евра, што значително ја олеснува можната разделба.

Интерес за услугите на 39-годишниот ас веќе постои, клубови од МЛС и од Европа внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да реагираат доколку дојде до официјален раскин или трансфер.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.