Кристијано не сака критики, се налути на коментар на Руни

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не игра според планот со Манчестер Јунајтед. Тимот е далеку од најдобрите, но и далеку од Лигата на шампионите, а тоа ги става сите на удар.

Клупската легенда Вејн Руни беше гостин во студиото на „Скај Спортс“ и заедно со Џејми Карагер говореа на темата Манчестер Јунајтед. Карагер го праша - „дали враќањето на Роналдо му помогна на Јунајтед“, а Руни на тоа реплицира: 

„Јас би кажал не. Тој даде важни голови во Лигата на шампионите, исто и хет-трик со Тотенхем, ама ако мислиме на иднината на клубот треба да се насочиме кон помладите играчи. Кристијано не е истиот играч од претходно“.

Репликата на Руни не му се допадна на Роналдо, па тој најде начин да му одговори. Тоа го направи на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде на профилот на Руни му напиша - „двајца љубоморни!“. 

Репликата на Роналдо во Англија ја оценија како споредба на неговата кариера, со оние на Руни и Карагер.