• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Кристијан Тошевски во новата сезона ќе има нов клуб затоа што се раздели со албанскиот суперлигаш Тирана.
Екипата на Тирана заврши на второто место на табелата и се избори за место во еврокуповите. Сепак, 29-годишниот Тошевски нема да продолжи во клубот затоа што двете страни не ја продолжија соработката која беше до јуни 2023 година.
Десниот бек во Тирана пристигна во 2020 година и имаше важна улога во тимот. Беше редовен првотимец и учествуваше во сите успеси, вклучувајќи го и оној кога клубот стана албански шампион.
Пред Тирана, Тошевски настапуваше за екипите на Вардар, Пелистер и Тетекс.