• Мартин Танасковски
Искусниот македонски десен бек Кристијан Тошевски стави крај на својата етапа во редовите на Шкупи и повторно ќе настапува во Албанија, каде што остави силен впечаток во дресот на Тирана, со која успеа да стане шампион.
Тошевски, кој има 31 година, официјално беше претставен како најново засилување на Поградец, клуб кој активно се зајакнува во обид да избори промоција во највисокото албанско првенство.
Неговата претходна соработка со тренерот Ардијан Мема во Тирана одигра значајна улога во брзото постигнување на договорот. Според најавите од клубот, Тошевски ќе биде едно од клучните засилувања за претстојната сезона.
Тошевски минатата сезона ја мина во дресот на Шкупи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.