Кристијан Тошевски има нов клуб во соседството

Косовскиот прволигаш Феризај објави дека постигнал договор со македонскиот фудбалер Кристијан Тошевски, кој е најавен како големо засилување за новата сезона. 

Тошевски веќе беше претставен во новиот клуб, каде доаѓа од екипата на албанскиот Поградец. Има богато искуство во регионалниот фудбал, а во минатото беше дел од Тетекс, Пелистер, Вардар, Тирана и Шкупи. 

Игра како десен бек, но може да се активира и како класичен стопер, внесувајќи квалитет, искуство и флексибилност во одбранбената ротација. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.