• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Кристијан Чурлинов има нов клуб и е ново име во екипата на Каменица Саса
Со своето искуство и квалитет, стекнати со настапите за екипите на Скопје и Тетекс, 23 годишниот Кристијан Чурлинов од Скопје ќе ја зајакне одбраната и ќе донесе брзина во нападот на Саса.
Чурлинов е фудбалер од младинските школи на Вардар и Работнички. Од Саса се убедени дека играчот ќе биде од голема корист на десната бековска и крилна позиција во тимот и ќе придонесе за постигнување на целите.