• Мартин Танасковски

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново продолжува активно да го засилува составот за новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на тимот е десниот бек Кристијан Чурлинов.
24-годишниот фудбалер со домашно искуство пристигнува како важна алка во оформувањето на конкурентска екипа. Чурлинов досега настапуваше за неколку клубови од домашниот шампионат, меѓу кои се Скопје, Силекс и последно за Саса Каменица.
Во Првата лига на Македонија, Чурлинов зад своето име има 43 настапи и четири асистенции.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

