• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Кристијан Ацковски кариерата ја продолжува во странство и ќе игра во романскиот фудбалски шампионат.
26-годишниот дефанзивен играч за врска е претставен како нов играч на Корвинул 1921 Хунедоара, романски тим кој игра во втората лига на земјата, но е актуелен освојувач на Купот на Романија и оваа сезона играше во еврокуповите.
Ацковски последен пат играше за Шкупи, а претходно беше дел и од Брегалница, Работнички и Борец и за него ова ќе биде прва интернационална станица.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.