Кристијан Ацковски останува дел од Брегалница и во новата сезона?

Доскорешниот младински репрезентативец на Македонија, Кристијан Ацковски, многу веројатно ќе остане дел од Брегалница и во новата сезона.

22-годишниот фудбалер дојде во Брегалница во јануари и имаше валиден договор до крајот на сезоната. Најавите се дека тој останува во Штип и во претстојната сезона во која „сините“ ќе се борат за влез во ПМФЛ.

Досега од Штип си заминаа Стојан Стојчевски, Давор Талевски и Пепи Ѓоргиев, а како играч што е на изглезна врата е најавен Денис Стошиќ. Покрај Ацковски, се очекува да остане и Дарко Додев.

Брегалница ја заврши сезоната на второто место во ВМФЛ-Истoк.