Кристал Палас одби 40 милиони, Јунајтед ќе мора да даде повеќе за Ван-Бисака

По обезбедувањето на потписот на младата велшка ѕвезда Даниел Џејмс, раководството на Манчестер Јунајтед се насочи кон доведување на уште еден надежен фудбалер. 

Според последните информации кои доаѓаат од Островот, Оле Гунар Солскер го посакува 21-годишниот бек на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака, кој зад себе остави фантастична сезона со лондонскиот тим и дефанзивно статистички е најдобриот десен бек во лигата. 

Но, најголемиот проблем за реализација на овој трансфер е сумата која ја бара Кристал Палас за да го ослободи својот ас. Јунајтед веќе понудил 40 милиони, но таа понуда „орлите“ веднаш ја одбија, па клубовите започнаа нова рунда на преговори. 

Јунајтед има и втора опција за десната бековска позиција, па доколку не се оствари трансферот на Ван-Бисака, ќе тргне по грачот на ПСЖ, Томас Муние.