ВИДЕО: Кристал Палас го изненади Арсенал, борбата за ЛШ ќе биде супер-возбудлива! 

По Тотенхем и Манчестер Јунајтед, уште еден конкурент за Лигата на шампионите денес остана со празни раце, откако екипата на Арсенал не успеа да ја оправда улогата на фаворит во лондонското дерби и со 2-3 го загуби мечот со Кристал Палас. 

  • Извештај од натпреварот: 

Со овој кикс трката за третата и четвртата позиција на табелата во Премиер лигата ќе биде уште поинтересна, бидејќи разликата меѓу четирите екипи кои конкурираат за ова место е само три бода. Во најповолна ситуација е Тотенхем, кој има 67 бода, еден помалку имаат Арсенал и Челзи, додека Јунајтед досега освоил 64 бода. 

На „Емирати“ „топџиите“ доста мотивирано го започнаа мечот, но како да изгореа од желба да ги искористат киксовите на големите ривали и заслужено останаа без ниту еден бод во дуелот со „орлите“. Кристал Палас својот одличен меч го најави со гол на Кристијан Бентеке во 17. минута, а Месут Озил по само две минути игра во вториот дел израмни на 1-1. Сепак, катастрофалната грешка на Мустафи го чинеше Арсенал нов гол, откако за 1-2 реализираше Вилфред Заха. 

Кристал Палас и покрај водството не отспати од офанзивниот фудбал и МекАртур погоди за 1-3, додека конечните 2-3 ги постави Обамејанг во 77. минута. До крајот на мечот Арсенал имаше неколку прилики да стигне до бод, но ударите на Озил, Обамејанг и Ивоби не завршија во посакуваната цел.