ВИДЕО: Крис Вуд од пенал донесе три бода за Њукасл со Волвс

Екипата на Њукасл Јунајтед запиша голема победа над фаворитот Вулверхемптон, откако на „Сент Џејмс Парк“ славеше минимално со 1-0 (0-0). Првата пресметка од 32. коло на Премиер лигата ја одлучи Крис Вуд со погодок од белата точка во второто полувреме. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот не тргна според планот за домаќинот, па Еди Хау мораше да менува по повредата на Фрејзер. Во 24. минута Крис Вуд првпат стрелаше од близина, но истиот беше поништен по преглед на ВАР поради офсајд. Првиот дел, со исклучок на погодокот не понуди возбудувања и директните удари кон двата гола изостанаа. 

Во вториот дел, Сен-Максимен имаше изгледна шанса која заврши со удар над голот, па следеше удар од единаесет метри за домаќинот. Сигурен од белата точка беше Вуд со силен удар по средината на голот. 

Во продолжението Бруно Гимараеш имаше шанса да ја удвои предноста, а на спротивната страна Фабио Силва беше најблизу до израмнувачки погодок. Сепак, резултатски промени немаше и бодовите останаа за Њукасл.

Состави

Еди Хоу

4-3-3

    Bruno Lage

    3-4-2-1