Креспо доби отказ во Сао Паоло, ќе го наследи голема клупска легенда

Прославениот аргентински фудбалер, Хернан Креспо повеќе не е тренер на Сао Паоло.
Челниците на шесткратниот шампион на Бразил не му ја простија на поранешниот играч на Милан серијата од десет натпревари без победа. По оваа лоша низа Сао Паоло е само два бода над зоната за испаѓање.

Месецов бразилскиот клуб испадна од националниот Куп и Копа Либертадорес. Рожерио Сени ја презеде тренерската позиција, откако претходно во текот на првата половина на 2017 година го предводеше тимот на само 13 натпревари.

За време на неговите голмански денови во Сао Паоло (единствениот клуб за кој играше), постигна 58 гола, од слободни удари или пенали. Најголемиот успех во досегашната тренерска кариера Рожерио Сени го оствари со Фламенго, освојувајќи ја шампионската титула.