Кремонезе остана без сили, Венеција е последен патник во Серија А

Екипата на Венеција го победи Кремонезе во финалето од плеј-офот во Серија Б со 1-0 и официјално се враќа во најквалитетното италијанско фудбалско друштво. 

Херој на домашниот тим беше Данецот Кристијан Гиткјаер, кој стрелаше во 24. минута и беше автор на единствениот погодок на мечот. Заедно со Венеција, во Серија А се враќаат екипите на Парма и Комо, кои обезбедија директен пласман во елитата како прво и второпласирани. 

Со враќањето на Венеција, највисокиот фудбалски ранг во Италија ќе има дури осум клуба со странски сопственици. Повратникот во Серија А успеа да го оствари големиот успех со само еден постигнат гол во двата натпревари. 

Состави

Еузебио Ди Франческо

3-5-2

    Џовани Стропа

    3-5-1-1