• Мартин Танасковски
Екипата на Кремонезе победи во баражот и е последниот учесник во италијанската Серија А следната сезона.
Кремонезе играше двомеч со Специја. Првиот дуел заврши 0-0, додека вториот меч тимот го доби со резултат 3-2 на гостински терен. Головите ги постигнаа двојниот стрелец Мануел Де Лука во 25. и 80. минута и Мишел Колоколо во 63. минута.
За Кремонезе ова е враќање во Серија А по две години, откако испадна во 2023 година. Тимот ќе го има деветтото учество во италијанската елита во историјата.
ФОТО: U.S. Cremonese / Twitter

