Крауч рече збогум: Да ми кажеше некој дека на 17 години ќе играм на СП, ќе го...

Англиските фудбалски терени останаа без уште една легенда. Питер Крауч донесе одлука да ѝ рече збогум на фудбалската игра и замина во заслужена пензија. 

Поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“ и екс-ѕвезда на Ливерпул долго време беше без ангажман, а откако не успеа да најде нова средина се реши да ја заврши својата богата кариера. 

„Долго размислував за мојата иднини и на крај одлучив да ставам крај на кариерата. Оваа прекрасна игра ми даде сè. Благодарен сум на сите кои беа покрај мене во изминатите години. Да ми кажеше некој дека на 17 години ќе играм на Светско првенство, дека ќе бидам дел од финале на Лигата на шампионите, дека ќе го подигнам трофејот од ФА Купот, дека ќе давам голови во Премиер лигата, ќе го избегнував по секоја цена“, рече Крауч, кој во 1999 година беше дел од Мундијалот за фудбалери до 20 години. 

38-годишниот напаѓач својата кариера ја започна во редовите на Тотенхем, додека најголемата фудбалска слава ја дожева носејќи го дресот на Ливерпул.