Крауч и Фердинанд цел живот се во Премиер, но не го препознаа овој екс-член на Ливерпул! (ВИДЕО)

Низ историјата на англиската Премиер лига поминаа многу играчи, а некои се толку заборавени што веќе не се сеќаваат на нив ниту англиските легенди Рио Фердинанд и Питер Крауч.

Крауч и Фердинанд секако се во онаа група играчи што секој би ја препознал на прв поглед, но овој тандем се соочи со тежок предизвик, па мораа да ги погодат играчите од фотографиите. Поранешните англиски репрезентативци добија навистина тешка задача од „ТНТ Спортс“, бидејќи им беа понудени некои не толку познати играчи или оние кои оставија помала трага во Премиер лигата.

Двајцата лесно ги препознаа повеќето од имињата, но не и еден поранешен член на Ливерпул, клуб каде што Крауч ги мина најдобрите денови од својата кариера. Кога на екранот се појави фотографија од  Дени Вилсон, двајцата останаа со прашалници и не го препознаа некогашниот фудбалер на „црвените“.

@tntsports

“We’re on fire!” Peter Crouch and @rioferdy5 take a look back at some forgotten footballers! How many can you get...?

sonido original - TNT Sports

Во одбраната група беа Абел Ксавиер, португалскиот дефанзивец на Ливерпул, кој се истакнуваше со својата карактеристична коса, но и Донг Фангжуо, Кинезот кој ја делеше соблекувалната со Фердинанд во Манчестер Јунајтед.