ВИДЕО: Кратово е кошмар за „пандевци“, Силекс со три бода ја заврши есента

Екипата на Силекс со победа ја затвори есенската полусезона и на домашен терен славеше над Академија Пандев (3-1), со што ја продлабочи кризата на струмичани и воедно се израмни со третопласираната екипа на табелата во ПМФЛ.

  • Извештај од натпреварот:

Академија Пандев не знае за победа во Кратово, а така беше и по овој дуел. Југослав Тренчовски има причини за грижи, затоа што неговиот тим во првенството нема победа уште од 27 октомври, или седум средби во низа, на кои Академија Пандев има четири порази и три ремија. Силекс, пак, игра одлично, а последниот неуспех го има пред два месеци кога загуби од Шкендија.

Дуелот почна доста мирно, а немаше возбудувања во Кратово се до првиот гол кој го дадоа домаќините. Мрежата на Чубраковиќ се тресеше по една добра тимска акција градена преку Дурански, Жеравица и Тимовски, а успеа да погоди Серафимовски, кој доби топка во 41. минута во шеснаесетникот и биеше од непосредна близина на голот.

Иницијативата на Силекс продолжи и на стартот на вториот дел. Првата шанса Чубраковиќ ја одбрани, меѓутоа, за втората немаше решение. Силекс даде втор гол пред својата публика во 62. минута, кога Драшковиќ ја изнесе топката и го проигра Додев, а тој одлично погоди за 2-0.

Две минути подоцна Академија Пандев се врати во мечот затоа што гол постигна Миловановиќ, но Силекс не остави ништо на случајноста, па со трет гол во мрежата на „пандевци“ во 70. минута пак ја врати високата предност. Стрелец беше Драшковиќ, кој најдобро се снајде по една мешаница од корнер. За српскиот стопер ова беше деби-гол во дресот на Силекс.

Силекс ја завршува есенската полусезона со осум победи, три ремија и седум порази, на четвртото место во ПМФЛ со 27 бода. Академија Пандев е третопласирана, со седум победи, шест ремија и пет порази и исто така 27 бода.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15