• Мартин Танасковски
Екипата на Силекс на ждрепката во Нион го доби Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а интересен куриозитет е што овој клуб третпат ќе игра со македонски клуб.
Динамо Минск, некогашен првак на Белорусија, во моментов е далеку од најдобрите денови. Силекс ќе биде третото име од Првата лига со кое клубот ќе игра во натпреварувања на УЕФА низ историјата.
За првпат Динамо Минск играше со македонски тим во сезоната 2009/10, кога се соочи со Ренова во квалификациите за Лигата на Европа. Првиот натпревар заврши 1-1, додека вториот го доби Динамо со 1-2.
Вторпат, Динамо Минск се соочи со Работнички, тоа беше во сезоната 2017/18 исто така во рамки на Лигата на Европа. Домашниот меч за „романтичарите“ исто така заврши 1-1, додека вториот беше 0-3 за ривалот.
Ќе успее ли Силекс до „трета среќа“ за македонските клубови со овој ривал?



