ВИДЕО: Кратко траеше радоста, Копенхгаген со автогол на Барсегјан ја враќа предноста

Кратко траеше радоста на вардарци по израмнувачкиот погодок во Данска, затоа што Копенхаген повторно води, со 2-1, со автогол на Барсегјан.

Вардарецот го погоди една нафрлена топка од корнер и несреќно заврши во мрежата на Гачевски. Претходно, Вардар го израдува Бобан Николов, кој погоди откако се најде сам во шеснаесетникот.

Моментално, вкулниот резултат е 2-2, а во предност е Вардар поради постигнатиот гол на гостински терен.