• Горан Упале
Репрезентациите на Шкотска и Англија синоќа одиграа пријателски натпревар во Глазгов, а Англичаните победија со 3-1. Головите на Фоден и Белингем и донесоа водство на Англија на полувреме, а Шкотите во тој период немаа ниту еден шут кон голот.
На полувремето шанса за настап за Англија доби стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, кој во 67. минута си постигна автогол, па Шкотите го намалија резултатот на 2-1. Точка на натпреварот стави Хари Кејн со гол во 81. минута.
По овој дуел најголемо внимание предизвика одговорот на селекторот на Шкотска, Стив Кларк, на прашањето дали би го сакал Хари Мегваер во својот тим, со оглед на тоа што благодарение на него Шкотска стигна до единствениот гол.
„Не, апсолутно не“, рече Кларк.
На оваа тема свој коментар имаше и англискиот селектор. Саутгејт удри по оние кои го критикуваат дефанзивецот на Јунајтед.