ВИДЕО: Краснодар се лизна во Москва, Зенит има отворен пат до титулата

Лидерот во текот на скоро цела сезона, Зенит Санкт Петербург, најмногу профитираше од 23. коло на Премиер лигата. Екипата на Сергеј Семак го совлада тимот на Анжи Махачкала со 5-0, а претходно најблискиот пратител се до овој викенд, Краснодар, ремизираше на теренот на Динамо Москва (1-1).

Аргентинците Друиси и Ригони го водеа Зенит до нова победа, а меѓу стрелците се запиша и ветеранот Бранислав Ивановиќ.

  • Зенит - Анжи Махачкала 5-0: 

Динамо Москва - Краснодар 1-1: 

На седум кола до крајот Зенит ја зголеми предноста пред Краснодар на шест бода, а првакот Локомотив Москва го искористи ремито на второпласираниот тим и се израмни по бројот на бодови со Краснодар.