Крамариќ: Ова е ср*ње, ако ја кажам вистината ќе добијам историска казна!

Екипата на Хофенхајм доживеа дебакл на средбата со Баерн Минхен во Буденслигата и загуби со 5-0. По средбата во таборот на Хофенхајм владееше големо разочарување, а особено лут беше хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ, кој не штедеше зборови и истакна дека во клубот се случуваат големи срања. 

„Не сакам да зборувам за натпреварот бидејќи ми беше јасно што ќе се случи. Овој меч е слика за цела сезона која е едно големо ср*ње. Дури сум и благ, бидејќи кога би ја кажал вистината и тоа што го мислам за клубот, веројатно ќе ја добијам највисоката казна во историјата на Бундеслигата. Постои причина зошто сум вака лут кон клубот поради сè што се случи во последните месеци. Вложивме толку пари, а ништо не се постигна. Првпат во кариерата се чувствувам вака. Ако никој ништо не смени и бидејќи ни се заканува испаѓање ќе морам да почнам да зборувам“, изјави Крамариќ.

Хофенхајм по 17 одиграни натпревари се наоѓа на 16. позиција со 14 бода и го чека борба за опстанок.

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1

    Christian Ilzer

    4-2-3-1