ВИДЕО: Крамариќ им се врати на головите, Хофенхајм ја сопре Херта

Германскиот бундеслигаш Хофенхајм ја оправда целта. На домашен терен тимот славеше над Херта Берлин (2-0) и се врати на победнички пат, но и во битката за едно од местата кои на крајот од сезоната ќе водат во Европа.

  • Извештај од натпреварот:

Хофенхајм оваа сезона игра топло-ладно. По секоја победа, доживува пораз и никако да врзе два успеси во низа. По високиот пораз од Баерн Минхен во претходната рунда (0-4) тимот си ја заврши работата пред својата публика и мирно ќе го чека гостувањето кај Бохум.

Трите бода за домаќините против Херта која беше во серија од два триумфа ги донесоа Андреј Крамариќ и Себастијан Руди. Хрватот конечно им се врати на головите и реализира во 19. минута, додека вториот погодок падна во 36. минута. Олеснителен податок за триумфот на Хофенхајм беше и црвениот картон на Бојата од Херта во вториот дел.

Херта во следниот натпревар ќе биде домаќин на Баер Леверкузен. Мечевите кои се играат следниот викенд ќе бидат последните пред репрезентативната пауза.

Состави

Sebastian Hoeness

3-4-1-2

    Tayfun Korkut

    4-2-3-1