ВИДЕО: „Кралски“ шок во Мајорка, Реал не е веќе прв во Примера

Екипата на Реал Мадрид доживеа шокантен пораз во рамки на деветтото коло во Примера и како гостин кај Мајорка на Александар Трајковски, загуби минимално (1-0) и воедно го загуби врвот во шпанскиот фудбал.

  • Извештај од натпреварот:

„Кралевите“ беа лидери и важеа за фаворити, а по победата на Барселона над Еибар, сега се второпласирани. Неочекувано дојде овој кикс за тимот на Зинедин Зидан, кој ги имаше шансите, но не ги искористи да постигне погодок.

Голот вреден три бода Мајорка го постигна уште во седмата минута, кога Фебас го пронајде Жуниор во казнениот простор, а тој атрактивно пласираше во мрежата на Тибо Куртоа. Вреди да се напомене дека Реал го заврши мечот и со играч помалку, поради исклучување на Одриозола поради втор жолт картон во второто полувреме.

Исто така Мајорка имаше и еден поништен погодок во 15. минута, за кој судијата процени дека Лаго Жуниор се наоѓал во недозволена офсајд-ситуација. На овој дуел настапи и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој влезе во клупата во 81. минута на местото на стрелецот Жуниор. 

За Реал Мадрид ова беше прв пораз во новата сезона во шпанскиот шампионат, додека Мајорка ја забележа третата радост, или втора во низа, доволно за да избега од опасната зона.

Попладневно значајна победа запиша и Хетафе, кој во мадридскиот дуел го надигра Леганес со 2-0 со головите на Анхел Родригез во второто полувреме.

  • Извештај од натпреварот: