ВИДЕО: „Кралски“ договор – како во Реал бираа изведувачи на пенали?

Реал Мадрид дојде до трофејот во Суперкупот со победа по изведување на пенали против Атлетико Мадрид, а на интернет се појави интересно видео во кое се гледа како „кралевите“ ги бираат изведувачите.

Откако немаше голови во регуларниот дел, а потоа и во продолженијата, победникот го дадоа ударите од белата точка. Шпанските медиуми објавија видео кое стана хит.

Имено, сите фудбалери се собраа околу тренерот Зинедин Зидан. Главниот збор го имаше капитенот Серхио Рамос. Мариано Диаз одби да шутира прв, а се понуди Карвахал. Неговиот „предлог“ беше усвоен, а потоа следеше номинација на Крос, во името на Родриго, па и неговиот предлог беше прифатен.

Мариано, пак, му делеше совети на Тибо Куртоа, како да мафта со рацете, за да ги деконцентрира ривалите.