„Кралот“ си владее: Реал Мадрид стана најтрофеен и во Суперкупот! (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид, ја оправда фаворитската улога во Суперкупот на УЕФА и ја победи италијанската Аталанта со конечни 2-0 (0-0), со што стигна до првиот трофеј во новата сезона, а воедно стана и најтрофеен клуб во ова натпреварување, надминувајќи ги Барселона и Милан, кои имаат по пет титули. 

„Кралскиот клуб“ имаше мали проблеми со офанзивата во првите 45 минути, но потоа ја покажа својата класа и не дозволи никакво изненадување. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини делуваа дека се одлично поставени во првиот дел, имаа и две солидни прилики за погодок, но мрежите мируваа и на паузата останаа почетните 0-0. 

Реал немаше намера да да се доведе во некаква непријатна ситуација и во второто полувреме прикажа многу посериозен пристап, кој кулминираше во 59. минута. Аталанта комплетно се распадна во овој период и најпрво прими гол од Феде Валверде, а потоа следуваше и неколкуминутна опсада на нејзиниот гол, но некако успеа да го задржи налетот. 

Сепак, поминаа само девет минути до следната капитулација на дефанзивата. Винициус Жуниор украде една топка по десната страна, додаде до Џуд Белингем, кој со одмерен пас несебично го проигра Килиан Мбапе. Французинот во 68. минута го постигна првиот гол за Реал, носејќи комотна предност и голема радост за своите навивачи. 

Аталанта се обиде да заигра малку поцврсто и да не дозволи евентуален дебакл, а таквата игра им одговараше и на Шпанците, кои се адаптираа на темпото и делуваа дека полека го затвораат мечот. И двете екипи имаа уште по една солидна шанса за погодок, но изостана реализацијата во клучните моменти. 

На крајот, резултатот 2-0 се покажа како конечен и „кралевите“ заслужено се радуваат на нов трофеј во исклучително богатите клупски витрини. 

Состави

Карло Анчелоти

4-2-3-1

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-1-2