„Кралот“ се врати во Тотенхем, легендата доби место во стручниот штаб

Тотенхем ја награди клупската легенда, Ледли Кинг и го назначи за асистент во таборот на Жозе Мурињо.

Поранешниот капитен на „петлите“ мина тринаесет години како играч и дефанзивец, кога беше столб на одбраната. Досега беше клупски амбасадор, но конечно доби и вистинска улога да му помогне на саканиот клуб. 

Пофални зборови за Кинг имаше и менаџерот на тимот, кој го претстави задоволството. 

„Чест ми е да му посакам добредојде на Ледли во групата која го води првиот тим. Имаше неверојатен придонес за клубот и фановите, а со Спарс постигна многу. Развивме добра конекција од кога пристигнав и се надевам дека неговото искуство ќе биде од голема помош“, изјави Мурињо. 

Кинг ќе работи со тренерите, аналистите и играчите во тренинг центарот, а ќе презеде и улога во академијата на клубот. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.