ВИДЕО: „Кралот“ првпат на колена, Атлетико му одржа час по фудбал на Реал Мадрид!

Екипата на Реал Мадрид го забележа првиот пораз во новата сезона во Примера. Во големото дерби на Шпанија, „кралевите“ беа тотално надиграни од градскиот ривал Атлетико Мадрид и дуелот на „Ванда Метрополитано“ заврши со сигурна и заслужена победа на домаќините од 3-1 (2-1).

  • Извештај од натпреварот:

Веќе подолго време се наговестуваше овој момент. Реал Мадрид беше перфектен во првите пет кола, забележа исто толку победи, но речиси на секој од нив покажуваше големи слабости, особено во средниот ред и дефанзивата. Така беше и вечерва. Атлетико ги искористи своите шанси и по болниот пораз од Валенсија во претходното коло ги вратија насмевките кај своите фанови.

„Јорганџиите“ победата ја најавија уште во четвртата минута, кога Лино испрати прецизен центаршут во казнениот простор на „кралевите“, а на топката налета Мората и со глава го матира Кепа, кој остана закован во место (1-0). Тоа беше вториот најбрз погодок на едно големо мадридско дерби во историјата.

Домаќините продолжија во ист стил и со уште еден погок го крунисаа одличниот старт на дербито. Овој пат актери беа Саул и Гризман, првиот во улога на асистент, а вториот стрелец (2-0). Но, Реал до крајот на првиот дел успеа да го намали водството на противникот, откако Крос со прекрасен погодок стрелаше за 2-1. Неколку минути по голот на искусниот Германец, Камавинга постигна гол за 2-2, но истиот беше поништен поради претходен офсајд.

На полувреме се замина со минимална предност на Атлетико, а само што започна вториот дел Мората одново беше во фокусот и со својот втор вечерашен погодок стави точка на натпреварот (3-1). Треба да се напомене дека Мората, иако е дете на Реал Мадрид, лудо ги прослави двата вечерашни погодоци за Атлетико.

Состави

Диего Симеоне

5-3-2

    Карло Анчелоти

    4-4-2