ВИДЕО: „Кралевите“ со пораз ја завршија една од најочајните сезони во Примера

Екипата на Реал Мадрид ја заврши кошмарната сезона во Примера и тоа со нов пораз, овој пат со тимот на Бетис, кој на „Сантијаго Бернабеу“ успеа да слави со 0-2 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

„Кралевите“ не паметат кога имале олку лоша сезона во шпанскиот шампионат. Дванаесет порази, 46 примени гола наспроти 63 постигнати, е само дел од поразителната статистика на некогашниот шпански првак. Зидан сигурно ќе има полни раце работа, а штп ќе биде понатаму, останува да видиме.

Што се однесува до натпреварот и двата гола паднаа во второто полувреме. Прв стрелец беше Лорен, кој во 61. минута одлично влезе во шеснаесетникот и доби топка од Гуардадо, по што лесно реализира, додека точка на триумфот стави Хесе, во 75. минута, со еден силен шут под пречката на Кејлор Навас.

Реал Мадрид ја завршува сезоната на третото место, додека Бетис сигурно е десетти.