ВИДЕО: „Кралевите“ преку Шериф до нокаут фазата, Николов доби половина час

Шериф Тираспол немаше сили за ново изненадување во дуелот со Реал Мадрид (0-3) во петтото коло од Лигата на шампионите.

  • Шериф Тираспол - Реал Мадрид 0-3:

Шпанскиот гигант покажа што знае и без големи проблеми се врати на првата позиција во групата. Заедно со Интер, кој го победи Шахтјор, „кралскиот“ клуб обезбеди место во осминафиналето. За првата позиција во наредното коло ќе води директна борба со екипата на Симоне Инзаги.

Давид Алаба го отвори резултатот, со малку среќа, по еден слободен удар. Потоа Тони Крос „сервира“ мала мајсторија и со помош на пречката ја удвои предноста. На крај во листата на стрелци се запиша и Карим Бензема, кој не пропушти да се надоврзе на одличната игра на неговиот тим на гостувањето во Молдавија.

Шанса за настап на оваа средба доби и македонскиот интернационалец Бобан Николов. Играчот за врска ги одигра последните триесет минути на дуелот во Тираспол. Шериф остана без шанса за следната фаза во Лигата на шампионите. Меѓутоа поради поразот на Шахтјор обезбеди пласман во нокаут фазата на Лига Европа.

Состави

Yuri Vernydub

4-2-3-1

    Карло Анчелоти

    4-3-3