ВИДЕО: „Кралевите“ преку Еспањол пак се на врвот во Примера

Екипата на Реал Мадрид повторно е на врвот во Примера затоа што во дуелот со Еспањол дојде до три бода (2-0) и го прескокна лутиот ривал Барселона кој го чека својот дуел од 16. коло во шпанската елита.

  • Извештај од натпреварот:

„Кралевите“ важеа за апсолутни фаворити и ја оправдаа улогата на теренот. Доминираа против Еспањол, а победата можеше да биде далеку поубедлива. Играч на натпреварот е францускиот напаѓач Карим Бензема кој впиша гол и асистенција и го водеше тимот до десеттата победа оваа сезона.

Што се однесува до мечот, Реал Мадрид притискаше уште од самиот старт и пропушти четири добри можности за гол. Иницијативата конечно донесе плод во 37. минута, кога по една одлична тимска акција Варан неочекувано се најде пред голот, но успеа да погоди.

Фаворитот замина на пауза со минимална предност, а точка на победата се стави во 79. минута кога Валверде атрактивно се ослободи од чуварот и асистираше, а Бензема реализира. „Кралевите“ го завршија мечот и со играч помалку затоа што поцрвене Менди.

Реал Мадрид има 34 бода во шпанскиот шампионат и е пред Барселона со 31 бод. Во следното коло „кралевите“ играат со Валенсија, а потоа следи Ел Класико. Еспањол, пак, е во голема криза и е на претпоследната позиција со само девет бода.

Состави

Zinedine Zidane

4-3-3

    Abelardo

    3-5-2