„Кралевите“ останаа без уште еден важен играч за реваншот со Сити!

Во пресрет на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, се појавија нови проблеми за тренерот на „кралевите“, Алваро Арбелоа.

Францускиот бек Ферланд Менди нема да се најде во составот на оваа средба поради повредата на мускулот која ја доживеа на првиот натпревар во Шпанија

Менди беше заменет на полувремето на „Сантиаго Бернабеу“, а докторите и стручниот штаб потоа одлучија да го исклучат од списокот за реваншот додека не се извршат сите неопходни лекарски прегледи. 

Mедицинскиот тим на клубот проценил дека е подобро да не ризикуваат со негов настап на „Етихад“ во Манчестер, каде неговиот тим ќе има мисија да ја сочува убавата предност од три гола. 

Реал Мадрид сега ќе мора да „импровизира“ на левата бековска опција за овој важен меч, а тренерот Арбелоа ќе треба да се потпре на други играчи од одбраната.