ВИДЕО: „Кралевите“ на бразилски погон го срушија Бетис и се издвоија на врвот

Реал Мадрид го оствари најдобриот старт во националното првенство во новиот милениум. По три гостински победи, шампионот на Примера го совлада Бетис со 2-1 (1-1) на домашен терен и сам загосподари на првото место во пресрет на преостанатите седум натпревари од ова коло. Клубот од Андалузија првпат е поразен оваа сезона, иако остави одличен впечаток во главниот град. 

  • Реал Мадрид - Бетис 2-1:

Дуелот започна во голем стил, со офанзивни акции на двете страни и два гола во првиот половина час. Најнапред, Винициус Жуниор уште во деветтата минута го најде патот до мрежата на гостите и донесе радост на „Сантијаго Бернабеу“ (1-0). Сепак, брзо возврати тимот на Пелегрини и поранешниот „крал“ Каналес го матира Куртоа за 1-1 на полувреме. 

И Анчелоти и Пелегрини тргнаа по трите бода и индивидуалните квалитети беа решавачки во овој изедначен дуел. На средина од второто полувреме Родриго го матира гостинскиот голман Силва и донесе четврта победа за шампионот (2-1).

  • Мајорка - Џирона 1-1: 

Попладнево на Балеарските острови, Мајорка и Џирона играа без победник, 1-1. Поведе домаќинот со голот на Раиљо во 87. минута, но длабоко во судиското надополнување Самуел Саиз донесе бод за гостите од Каталонија.

  • Селта - Кадиз 3-0: 

Синоќа во Виго, Селта го совлада Кадиз со 3-0, со головите на Јаго Аспас (два гола) и Мигуел Видал.

Вечерва се играат два дерби натпревари од четвртото коло: Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид и Севиља – Барселона. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Мануел Пелегрини

    4-2-3-1