• Саше Љолес
Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, ги претстави резервните дресови за сезоната 2024/25, но истите наидоа на големи критики од навивачите, кои сметаат дека управата направила голема грешка.
Минатата година двете резервни варијанти на „кралевите“ беа во црна боја, со многу мали разлики во дизајнот, но годинава третата опција одбраа да биде со портокалова боја, што не им се допаѓа на голем дел од фановите.
Управата изјави дека инсприацијата е добиена од портокаловата ѕвезда над стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а ова е првпат по 2014 година Реал да ја имаа оваа боја на дресовите. Трендот е да има една комбинација која потполно отскокнува од традиционалната бела боја, но дел од навивачите на социјалните мрежи пишуваат дека овие дресови треба да се делат бесплатно и никој не треба да ги купува.