• Иван Димовски

Фудбалерите на Осасуна и Реал Мадрид одиграа нерешени 1-1 (0-1) на „Ел Садар“ во рамките на 24. коло на шпанската Примера. Навивачите, играчите и сите во „кралскиот“ клуб се бесни на арбитражата на Хозе Мунуера поради неколку спорни одлуки.
Успеа Реал прв да дојде до гол, поведе преку Килиан Мбапе во 15. минута по асистенција на Валверде. Следеше помирен период, а пред крајот на полувремето „кралевите“ останаа со десетмина. Џуд Белингем му приговараше на судијата Мунуера за една ситуација, па веројатно претера и му беше покажан патот кон соблекувалната.
<<< - ПОВРЗАНО - Белингем во шок: Му приговараше на судијата и доби директен црвен картон (ВИДЕО)
На стартот на второто полувреме, поточно во 55. минута Едуардо Камавинга беше невнимателен и згазна противник. Јавноста веднаш се крена, навивачите коментираат дека стартот е откако играчот на Осасуна ја губи топката, а по ВАР проверка судијата покажа на 11 метри. Одговорноста ја презеде Анте Будимир и реализира за израмнување (1-1) во 58. минута.
- Извештај од натпреварот:
До крајот на мечот Реал Мадрид се обиде да се врати, меѓутоа не одеше лесно со десетмина и одигра реми кое никако не им одговара на шампионските амбиции. Лидерот им остави простор на Атлетико Мадрид и Барселона да го достигнат на табелата.