„КРАЛЕВИ“ НА ЛЕ: Севиља го сопна Јуве и оди по седми трофеј! (ВИДЕО)

Екипата на Севиља уште еднаш покажа зошто го носи епитетот „крал“ на Лига Европа. Тимот од Андалузија има турбулентна сезона, но ќе игра европско финале затоа што во реваншот пред својата публика го победи калчолигашот Јувентус (2-1).

Европскиот рекордер по бројот на титули во Лига Европа - ги има вкупно шест - уште еднаш потврди дека на „Рамон Санчез Писхуан“ постои само еден тим кога се говори за победата. Избраниците на Мендилибар не играат сјајно во Примера, но Лигата на Европа ќе биде идеална шанса да се спаси сезоната и да се игра елитен фудбал.

Во првото полувреме во Севиља немаше голови, а го одбележаа голманските одбрани на Шчешни кој имаше една интервенција на самата гол-линија. Плус, тука беше и спорната одлука на судијата Макели да не покаже пенал по остар старт на Квадрадо врз противник во казнениот простор.

  • 1-0:

Се играше 65. минута кога џокерот Душан Влаховиќ го покажа својот квалитет и погоди атрактивно. Се ослободи од ривалите, па го лобува Боно, за голема предност на Јувентус. Сепак, радоста траеше кратко, затоа што Сусо во 71. минута по асистенција на Ламела изрмани на 1-1.

  • 1-1:

До крајот на регуларниот дел имаше шанси за гол, но голманите не капитулираа. Во екстра-времето, убав гол постигна Ламела во 95. минута и тој беше доволен за ново европско финале. Јуве не ја искористи и бројчаната предност, затоа што во 115. минута Акуња поради задржување на време доби црвен картон.

  • 2-1:

Противник на Севиља во финалето од Лига Европа ќе биде Рома која предводена од Жозе Мурињо го исфрли Баер Леверкузен, со перфектен тактички меч во одбраната. Мечот за титула се игра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Состави

Диего Алонсо

4-2-3-1

    Масимилијано Алегри

    3-5-1-1