ВИДЕО: Крајно спорен пенал за Галата – Адана се повлече од терен!

Дуелот меѓу Галатасарај и Адана Демирспор е прекинат. Причината за тоа е што гостите се повлекоа од теренот заради судиската арбитража на Оѓузан Чакир.

Целата тензија почна кога Галатасарај доби скандалозен пенал. Мертенс падна како покосен, иако ногата на ривалот беше далеку од него. Адана протестираше, но залудно. Мечот продолжи, фаворитот имаше предност, па на средина на првиот дел гостите се повлекоа.

Се уште е непознато дали овој натпревар ќе продолжи и каков ќе биде епилогот од соочувањето на Галатасарај и Адана Демирспор.