• Горан Упале
Екипата на Сараево доживеа дебакл на гостувањето во Романија кај Университатеа Крајова и ги заврши настапите на меѓународна сцена во новата сезона.
Откако на првиот натпревар во БиХ, бордо тимот извојува минимален триумф од 2-1, вечерва целосно потфрли и прими четири гола во својата мрежа. Така со убедливите 4-0 романскиот тим ги продолжува настапите во овие квалификации.
Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски се најде во првиот состав на Сараево и ги одигра сите 90+ минути, додека Елези влезе во 55 минута и но и тој се вклопи во сивилото на својот тим.
Университатеа Крајова до високата победа стигна со голови во второто полувреме и мрежата на Сараево ја затресоа Ал Хамлави (3) и Баирам.
ФОТО/PHOTO: FC Sarajevo (Facebook)










