ВИДЕО: Крај за настапите на „гаучосите“, Шпанија и Египет слават четвртфинале

Мерино

Шпанија ја потврди првата позиција на табелата и пласманот во нокаут фазата со ремито против Аргентина (1-1). Така „фуријата“ ќе игра против Брегот на слоновата коска за пласман во полуфиналето, а Аргентине е елиминирана уште во групната фаза. 

  • Шпанија - Аргентина 1-0: 

Јужноамериканците имаа свои шанси, но задоцнија со својот погодок и останаа со празни раце. Натпреварпт се отвори со шансата на Перез, а златна прилика пред паузата за аргентинската репрезентација пропушти Барко.

Шпанците очекувано го имаа поседот на своја страна. Тоа го искористија за да направат притисок во вториот дел, кој резултираше со реализација на Микел Мерино во 66. минута. 25-годишникот искористи една шанса и рутински го совлада противничкиот голман. На голот му претходеа серија на шанси на Ојарзабал и Дани Олмо. 

Кратка надеж за Аргентина донесе Томас Белмонте. Тој погоди во самата завршница, но и покрај тоа, неговата репрезентација ги заврши настапите во Токио заради полоша гол разлика за сметка на Египет.

На вториот натпревар од групата трите бода завршија кај Египет во дуелот со Австралија (0-2). Тоа значи дека египетскиот тим ќе му прави друштво на Шпанија во четвртфиналната фаза. Рајан во првото и Хамди во второто полувреме ги постигнаа головите за Африканците.  Противник на „фараоните“ во четвртфиналето ќе биде бранителот на златото Бразил.