Крај на сите дилеми, Лукас Васкез до 2024 година меѓу „кралевите“

Иднината на Лукас Васкез во Реал Мадрид во еден момент од изминатата сезона беше доведен во прашање.

Меѓутоа денес шпанскиот гигант потврди дека постигнал согласност со својот фудбалер. Соработката ќе го задржи офанзивецот, кој може да извршува и дефанзивни задачи по потреба, до јуни 2024 година.

29-годишникот потекнува од школата на „кралевите“ и само еднаш играл надвор од матичниот клуб. Сезоната 2014/15 ја мина во дресот на Еспањол, како позајмен играч.

Доаѓањето на Карло Анчелоти се очекува да промени неколку судбини во соблекувалната на Реал.