Крај на шпекулациите, Донарума потпиша нов договор со Милан до 2021 година

Донарума договор

Екипата на Милан ја потврди информацијата дека младиот голман, Џанлуиџи Донарума ќе остане во тимот до 2021 година.

Неговиот агент, Мино Рајола најавуваше негово сигурно заминување од италијанскиот тим, но двете страни успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката. Во наредните четири години, Дoнарума ќе заработува по шест милиони годишно и ќе има откупна клаузула од 80 милиони евра.

Навивачите на Милан беа гневни на својот играч, а тоа незадоволство го искажаа на младинското првенство во Полска, кога се расфрлаа со пари пред неговиот гол.

Се шпекулираше дека италијанскиот репрезентативец е блиску до потпис со Реал Мадрид, но тоа пропадна со денешната потврда од клубот.

„Росонерите“ градат тим за иднина и беа едни од најактивните на летниот трансфер пазар. Доведени се дури седум засилувања, а се споменува и потенцијална понуда до Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд, кој би се вратил повторно на „Сан Сиро“.